ЕвропаФорум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕвропаФорум

Форум наменет за забава и дружење!
 
PortalHomeGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Раниери е старец без трофеи

Go down 
АвторПорака
Miljan
Администратор
Администратор
Miljan


Број на мислења : 2459
Локација : Psy Earth
Земја : Раниери е старец без трофеи Flagmacedoniale6
Репутација : 1
Поени : 5939

Раниери е старец без трофеи Empty
ПишувањеПредмет: Раниери е старец без трофеи   Раниери е старец без трофеи I_icon_minitimeВто Aвг 05, 2008 2:19 pm

Раниери е старец без трофеи Murinjo1Новиот
тренер на Интер, Жозе Мурињо, не чекаше многу за да потсети на своите
денови поминати во Англија. Два месеци откако беше промовиран во шеф на
стручниот штаб на италијанскиот првак, Мурињо влезе во вербална
пресметка со својот колега од Јувентус, Клаудио Раниери иако, за волја
на вистината, не беше тој што прв го почна препукувањето. Причина беше
изјавата на Раниери по поразот од Хамбургер со 3:0 во неделата по што
во негативна конотација го спомна Мурињо.

"Нема да правам драма
од овој тежок пораз, јас не сум како Мурињо. Мојата филозофија е
различна од неговата. Тој има непрекината желба да освојува трофеи за
да се чувствува сигурен во тоа што го работи. За мене е нормално да
добијам една шлаканица, лани претрпевме многу удари, но се исправивме и
реагиравме на вистински начин", изјави Раниери за италијанските
медиуми. Освен тоа, искусниот стручњак објави дека Роман Абрамович не
го пуштил Лампард во Интер поради Мурињо и дека ако тој го побарал,
фудбалерот на Челзи сигурно ќе добиел дозвола за трансфер.

На
Мурињо не му требаше долго време за да одговори на провокацијата од
својот постар колега. Само еден ден подоцна Португалецот излезе во
јавноста со тешки зборови кон Раниери со што само ја потврди својата
репутација што го следи уште од деновите во Порто.

"Дојдов во
Италија за да работам и да ги остварам своите цели, а не да водам
вербални војни со кого било. Сакам да освојувам со Интер бидејќи тоа е
најдобро за мене и за клубот. Раниери? Вистина е тоа што тој го
зборува. Јас никогаш не сум задоволен од себе и постојано сакам да
победувам за да се чувствувам силен и сигурен. Поради тоа во кариерата
сум освои голем број титули. Раниери има поинаков менталитет, изгледа
нема потреба од победи и затоа досега нема големи успеси. Претерано е
стар, демодиран, има 60 години, а досега стигнал само до еден Супер-куп
и еден Куп на Италија. Тешко дека сега може да си ги промени
сфаќањата", инспирирано одговори Мурињо.

Токму Португалецот во
2004 година седна на клупата на Челзи на местото на Клаудио Раниери и
го оствари она што никој во претходните 50 години не успеа. Освои по
две титули во сите англиски натпреварувања, но влезе во конфликт со
Абрамович и минатиот септември мораше да си замине од Стемфорд Бриџ.
Вратете се на почетокот Go down
 
Раниери е старец без трофеи
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ЕвропаФорум-
Отиди до: