Запленети еден килограм злато и 32 килограми сребро на влезот во Куманово
Куманово, 7 март (МИА) - Царинската управа утрово на влезот во Куманово заплени еден килограм злато и 32 килограми сребро. Златото и среброто се запленети во автобус со турски регистарски таблички на фирмата „Експрес“ кој сообраќаал на релација Истанбул - Гостивар.