Холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли, кои на 12 јули станаа
родители на близнаци, момче Нокс Ленокс и девојче Вивиен Марчелин,
изненадени се колку нивниот син личи на поранешниот претседател и
актуелен премиер на Русија, Владимир Путин.
“Вивиен многу личи на Анџелина, како физички така и во однесувањето.
Подеднакво е елегантна како и нејзината мајка. Што се однесува до Нокс,
помалку личи на мене и исто како јас, сака музика. Меѓутоа, при
раѓањето многу повеќе личеше на Владимир Путин, отколку на мене“, рекол
Пит, пренесе Блиц.
Анџелина, која со Бред Пит веќе има четири деца, од кои три
посвоени, признала дека не и е лесно со уште две деца, но оти во се и
помагаат останатите членови на фамилијата.