Admin Administrator
Број на мислења : 2333 Години : 32 Локација : Гевгелија Земја : Репутација : 0 Поени : 6313
| Предмет: Јаху: Мајкрософт може да не купи, само за повисока цена Вто Апр 08, 2008 2:40 pm | |
| Американската интернет компанија ‘‘Јаху‘‘ нема ништо против понудата на ‘‘Мајкрософт‘‘ за преземање на фирмата, само бараат поинакви финансиски услови.Ова денес го наведе ‘‘Јаху‘‘ во соопштението, реагирајќи на ултимативното барање на шефот на ‘‘Мајкрософт‘‘ Стив Балмер, кој на интернет пребарувачот му дал рок од три недели да ги прифати неговите услови, или да се припреми за насилно преземање, пренесоа светските агенции. Во отвореното писмо на Стив Балмер се вели дека ‘‘Јаху‘‘ не е против понудата на ‘‘Мајкрософт‘‘ доколку тоа е во најдобар интерес за неговите акционери. ‘‘Понудата мора да ја земе во обѕир вистинската вредност на фирмата, а не да за нејзиното превземање нуди било која цена‘‘ се вели во писмото. ‘‘Јаху‘‘ предупредува дека Балмер има намера додатно да ја намали цената за преземање, а потоа ќе почне борба за промени во управата на оваа интернет компанија. По ова, тврдат тие, ќе се намали квалитетот на услугите кои ‘‘Јаху‘‘ ги нуди. ‘‘Јаху‘‘ истовремено објаснува што ја прави една компанија вредна. ‘‘ Продолжуваме со воведување на нови производи и преземаме други мерки кои го зголемуваат нашиот престиж, ја подобруваат технологијата и ги поддржуваат нашите вработени и нашите платформи‘‘, пишуваат од ‘‘Јаху‘‘. Фирмата денес ја пушта новата платформа АМП која би требало да ја поедностави рекламата и процесот на он-лајн купување и продавање. Доколку ‘‘Мајкрософт‘‘ успее во својата намера да го преземе ‘‘Јаху‘‘, тоа ќе биде една од најголемите аквизиции во областа на напредната технологија. Приматот во таа област за сега и припаѓа на интернет компанијата ‘‘Америка онлајн‘‘, која во 2000 година ја презела медиумската компанија ‘‘Тајм Ворнер‘‘. Спојувањето всушност не се одржало, а компаниите повторно ги промениле своите организациски структури.
| |
|
Evropa Прав Форумџија
Број на мислења : 107 Земја : Репутација : 0 Поени : 6248
| Предмет: Re: Јаху: Мајкрософт може да не купи, само за повисока цена Сре Јун 04, 2008 10:35 pm | |
| | |
|