Алфред Креислер е 92-годишен адвокат од Мајами кој бил ерген цел живот.
За прв пат стапил во брак оваа година, но решил дека треба да се разведе од сопругата, односно веднаш го поништил бракот.
Судијата пресудил дека Креислер нема можност да се справува со брачната ситуација.
Старецот се предомислил околу брачната одлука заради неговите внуки кои го убедиле дека сопругата Ивет Пенишет се омажила со него заради пари.
Пенишет му го вратила прстенот и 7,7 милиони долари кои Креислер и ги префрлил пред свадбата. Пенишет задржала само 30000 долари кои му ги префрлила на синот од претходниот брак.
Внуките на Креислер ќе ја тужат невестата заради злоупотреба на старец.
Адвокатот на Пенишет изјавил дека Ивет многу го сакала Алфред и дека таа имала желба да се грижи за него до крајот на животот.