ЕвропаФорум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕвропаФорум

Форум наменет за забава и дружење!
 
PortalHomeGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 33.000 долари за манастирот на Тоше

Go down 
АвторПорака
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

33.000 долари за манастирот на Тоше Empty
ПишувањеПредмет: 33.000 долари за манастирот на Тоше   33.000 долари за манастирот на Тоше I_icon_minitimeЧет Апр 10, 2008 2:56 pm

33.000 долари за манастирот на Тоше Tosemanastir
Нашите иселеници во Австралија, преку донаторска акција насловена „За Тоше“, собраа 33.000 австралиски долари за доизградба на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Крушево, беше објавено на вчерашната прес-конференција во Клубот на новинарите во Скопје.
„Целата идеја тргна сосема случајно кога во една прилика го посетив манастирот и одлучив да ја активирам мојата пријателска фела во помош за негова доизградба. Испратив многу и-мејлови, а еден од нив стаса и до Австралија, до Ицо Најдовски, кој изрази желба и нашите иселеници да помогнат во изградбата“, истакна Илија Псалтиров, пејач и иницијатор на акцијата.
Псалтиров информираше дека до вчера се собрани вкупно 33.000 австралиски долари, кои ќе бидат донирани за довршување на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во близината на Крушево.
„Средствата ќе бидат наменети за доработка на фрескоживописот, досредување на конаците и изградба на крст, висок 33 м, во близина на ’Св. Преображение‘, кој беше голема желба на Тоше“, додаде Псалтиров.
„Нема да застанеме тука, Тоше заслужува да му возвратиме за она што го направи за сите нас. Одиме понатаму се' додека не го реализираме неговиот сон и го изградиме манастирот докрај“, додаде Псалтиров.
Донаторската акција продолжува и понатаму, а единствена желба на донаторите е нивните имиња да се најдат во архивата на манастирот.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

33.000 долари за манастирот на Тоше Empty
ПишувањеПредмет: Re: 33.000 долари за манастирот на Тоше   33.000 долари за манастирот на Тоше I_icon_minitimeСре Јун 11, 2008 2:40 am

hsg
Вратете се на почетокот Go down
 
33.000 долари за манастирот на Тоше
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ЕвропаФорум-
Отиди до: