Admin Administrator
Број на мислења : 2333 Години : 32 Локација : Гевгелија Земја : Репутација : 0 Поени : 6110
| Предмет: Изборите закажани за 1 јуни Нед Апр 13, 2008 12:04 am | |
| На 1 јуни ќе се одржат вонредните парламентарни избори, соопшти денеска претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Државната изборна комисија треба да се состане в понеделник, за да ги дефинира деталите. Ова е првпат во 17-годишната самостојност Македонија да организира предвремени парламентарни избори. „Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани присутни новинари, имам чест и задоволство да го објавам датумот на предвремените парламентарни избори 2008-ма. Го определив датумот кој гласи 1 јуни оваа година“, изјави Љубиша Георгиевски, претседател на Собранието на РМ. „Гледајќи и следејќи ги минатите избори, очекуваме се најдобро. Не би требало да се турне земјата во некаков сет-бек, со некакви несериозни работи за време на изборите. Не се очекува таков тип на дестабилизација“, рече Георгиевски. „Јас во овој час се чувствувам горд, необично горд што еден огромен дел од македонската елита покажа храброст и машкост да се одрече од повеќе од две години од својот удобен пратенички мандат“, вели Љубиша Георгиевски. „Мислам дека со тоа македонската елита покажа не само на Балканите, туку и пошироко во светот, една необична и неочекувана зрелост“, додаде Георгиевски.
| |
|
Evropa Прав Форумџија
Број на мислења : 107 Земја : Репутација : 0 Поени : 6045
| Предмет: Re: Изборите закажани за 1 јуни Сре Jул 16, 2008 1:54 am | |
| | |
|