Никозија, 11 април (МИА) - Кипар се подготвува да донесе осум милиони тони вода од Грција за задоволување на потребите на островот, соопштуваат кипарските грчки весници.
Владин извор појасни дека водата ќе се пренесува со танкери и за таа цел ќе биде неопходно да бидат изградени соодветни инсталации за товарење и растоварување на водата.
Од крајот на минатиот месец во Никозија е воведен режим на вода поради континуираната суша во Кипар. Во половината реони во кипарската престолнина вода има во понеделник, среда и петок, а во останатите - вторник, четврток и сабота.
Кипар е силно зависен од врнежите за своите водни резерви, а во последните сто години островот е погоден од една од најтешките суши.