Мобилниот "Piece Unique" од фирмата GoldVish со неговата цена од 1 милион евра и официјално го доби сертификатот од Гинисовата книга на рекорди за најскап мобилен телефон на светот. Ова дело на дизајнерот Emmanuel Gueit минатиот месец беше достојно презентиран во Лондон.
Засега само три особи на светот го поседуваат овој скапоцен телефон, а се шпекулира дека тројцата муштерии се Руски олигарси.
Фирмата GoldVish Luxury Communications објави дека тековниот месец ќе ја отвори и својата прва продавница - која ќе се наоѓа во Женева (Швајцарија).
Техничките спецификации за овој телефон се ирелевантни.
Тука под спецификација може да се зборува за 18 каратното златно тело на телефонот, кое е прекриено со 120 карати дијаманти.
GoldVish во својот асортиман нуди и поефтини "златни" мобилни телефони со почетна цена од 20,000 евра.