Поп иконата и кралицата на подиумите Мадона го симна од престолот неприкосновениот крал на рокот Елвис Присли, за само неколку месеци откако официјално беше примена во Куќата на познатите на рокенрол музиката.
Дуетот на Мадона со Џастин Тимберлејк „4 Minutes“ е нејзиниот 37 сингл кој се најде меѓу 10-те најпродавани синглови во Америка со што го урна рекордот на Елвис со 36 синглови кои се нашле во топ 10 на американската Билборд листа.