Моментално го очекуваме видеото на кое ќе може да видиме како Бин Ладен и неговата "дружина" планираат да фрлат атомска бомба во западните земји.
Во наредните 24 часа се очекува да се прикаже на Интернет ново видео снимано од терористичката организација Ал Каида, каде што терористите ќе зборуваат како муслиманските екстремисти ќе земат нуклеарна бомба и ќе го нападнат Западот, пишува Топ-Ченел.
Оваа вест била и официјално потврдена од страна на заменикот на ФБИ, Ричард Колко.
Во овој момент од ФБИ и министерството за одбрана на САД, не објавуваат повеќе детали за специфичниот план на терористичката организација.