ЕвропаФорум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЕвропаФорум

Форум наменет за забава и дружење!
 
PortalHomeGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 XX дена до Еуро 2008

Go down 
+2
ExpLoRer
Admin
6 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Мар 25, 2008 12:29 am

Дел Пјеро изоставен од националниот тим

Селекторот на светскиот шампион Италија, Роберто Донадони, повторно не го повика капитенот на Јувентус, Алесандро дел Пјеро, за претстојната средба со Шпанија, која ќе ја одиграат на 26. март. Донадони за пријателскиот натпревар во Елче исто така не го повика и соиграчот на Дел Пјеро, Виченцо Јанкинта. Откако дојде Донадони на селекторската функција, како да се откажа од услугите на најдобриот фудбалер, иако Дел Пјеро беше еден од најзаслужните фудбалери во освојувањето на мундијалската титула во 2006 година.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Мар 25, 2008 12:30 am

Арагонес повторно не го повика Раул

Напаѓачот на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, не доби повик од селекторот Луис Арагонес за пријателската средба со Италија која ќе се одигра в среда. Капитенот на "кралевите" изјави дека има голема желба да игра за "Црвената фурија", иако тој последен пат настапи за својата земја во ноември 2006 година, а оттогаш Арагонес никако да го повика Раул. А своето деби за Шпанија ќе го има фудбалерот на Гетафе, Рубен де ла Ред, а, пак, Арагонес во нападот ќе смета на услугите на Виља, Гуиса, Луис Гарсија и Торес.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Мар 25, 2008 12:30 am

Ван Бастен незадоволен од играта на Кујт

Марко ван Бастен за пријателскиот натпревар со Австрија нема да смета на услугите фудбалерот на Ливерпул, Дирк Кујт. Напаѓачот повторно не се најде на списокот на селекторот, а на последните шпекулации кои се појавија во Холандија Кујт би можел да го пропуши и Европското првенство. Ван Бастен му порача дека тој мора да почне да игра добар фудбал и да биде стандарден во дресот на Ливерпул, па потоа ќе може да очекува повик и во националниот тим. Селекторот Ван Бастен исто така не го повика двоецот на Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој и Арјен Робен.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Мар 25, 2008 12:31 am

Брикнер со ултиматум до Недвед

Павел Недвед неодамна изјави дека има намера да се врати во националниот тим на Чешка, кој го напушти во август 2006 година. Селекторот Брикнер не е против неговото враќање, но таа одлуката ќе зависи од самиот Недвед.

"Тоа е важна одлука и треба да го прашате Недвед. Ако тој е физички подготвен и сака да игра, јас ќе го повикам во националниот тим и тој ќе настапи на Европското првенство. Сепак, јас ќе чекам тој да дојде и да ми каже дали сака повторно да се врати во репрезентацијата", изјави Брикнер.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:26 pm

71 ден до ЕВРО 2008
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:26 pm

Пицурка: Можеме да победиме секого

Селекторот на романскиот национален тим, Виктор Пицурка, не можеше да најде зборови како да ги пофали неговите фудбалери по победата на Русија.

"Многу добар натпревар на кој ние игравме беспрекорно. Мислам дека ќе направиме одлична екипа која ќе може да победи секого во Европа. При крај сме со подготовките за Европското првенство и се надевам дека ќе се прикажеме во одлично издание", изјави селекторот Пицурка.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:26 pm

Хидинк не задоволен од Русите

Гус Хидинк е крајно незадоволен од играта на неговите фудбалери на контролната средба со Романија, која ја одигра во Букурешт. Романците ја совладаа "Зборнајата" со големи 3:0.

"Играта ни беше наивна и глупава. За разлика од нас тие играат многу технички фудбал и речиси сите настапуваат во силните европски лиги. Ќе мораме многу да работиме пред стартот на ЕП", рече Хидиник, кој пред неколку дена го продолжи договорот со Руската фудбалска федерација.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:27 pm

Трезеге без поддршка од соиграчите

Фудбалерот на Јувентус, Давид Трезеге, на средбата со Англија ја немаше поддршката од соиграчите во националниот тим. Со ова тој полека ги губи шансите дека влезе во списокот за патници кои ќе настапат за "триколорите" на Европското првенство. Трезеге не добиваше голема шанса од соиграчите за да се покаже пред селекторот Доменеш во каква форма се наоѓа. Фудбалерот на Јуве доби само пет додавања во првото полувреме и тоа главно во нивната половина. Трезеге во последен момент беше повикан во националниот тим како замена на повредениот напаѓач на Лион, Давид Трезеге.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:27 pm

70 ДЕНА ДО ЕУРО 2008

Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:28 pm

Мецелдер се враќа на тренинзи

Репрезентативацот на Германија, Криштоф Мецелдер се надева дека за две недели ќе се врати повторно на зелените терени, по операцијата на стапалото. Тој замина на оперативен зафат пред два месеца, а сега одлично заздравува и се надева дека ќе може да ги почне подготовките за Европското првенство.

"Одлично заздравувам и за две недели ќе можам нормално да тренирам. Не гледам никаква пречка дека нема да бидам подготвен за ЕП и да обезбедам место во националниот тим ", изјави Мецелдер.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:28 pm

Нов договор за Рехагел

Фудбалската федерација на Грција води интензивни разговори со селекторот Ото Рехагел за продолжување на соработката до завршувањето на квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2012 година.

"Се договоривме да се сретнеме денеска, па да видам што ќе има да ми предложи претседателот на федерацијата", рече Рехагел, кој со селекцијата на Грција ја освои европската титула во 2004 година.

Трофејниот тренер го презеде националниот тим на Грција во 2001 година, а покрај континенталната титула, голем успех постигна и на последните квалификации кога го освои првото место во групата.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:28 pm

Балак: Мора да брани Леман

Играчот од средниот на Челзи, Михаел Балак, изјави за германските медиуми дека Јенс Леман би требал да брани за Германија на Европското првенство. Иако го загуби место во првиот тим на Арсенал, се појавија шпекулации дека тој не би требал да биде ни меѓу диреците на националниот тим. Балак не се согласува со таквите мислења.

"Секако дека е тешко кога не играте за својот клуб, но Јенс покажа дека е вистински избор за селекторот Лев", рече Балак во својата изјава.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeНед Мар 30, 2008 8:28 pm

Буфон ќе се одмора пред ЕП

Голманот на Јувентус и италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон има намера да земе најмалку тринеделен одмор пред почетокот на подготовките за Европското првенство со цел конечно да ја санира повредата на грбот која го мачи веќе една година. Одморот ќе почне веднаш штом Јувентус ќе го обезбеди третото место на табелата кое води во квалификациите од Лигата на шампионите идната сезона.

"Ми требаат околу 20 дена одмор за да сум комплетно подготвен за првенството", им изјави Буфон на италијанските медиуми.

Јувентус во моментов има девет бода предност пред петтопласираниот Милан и се очекува својата позиција да ја обезбеди до крајот на април.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:18 pm

54 ДЕНА ДО ЕУРО 2008......
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:19 pm

Раул не оди на ЕП

Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул нема да игра за шпанската репрезентација на Европското првенство кое ќе се одржи ова лето во Австрија и Германија. Селекторот Луис Арагонес одлучи да не го стави Раул на поширокиот список од 31 фудбалер. Изоставувањето на најдобри играч на "кралевите" од националниот тим не беше големо изненадување бидејќи тој последен пат дресот на "Црвената фурија" го носеше во септември 2006 година.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:19 pm

Пропадна шаторот на УЕФА

Најголемиот воздушен шатор на светот кој беше поставен во Салцбург на Капителплаза не успеа да издржи и се сруши. Шаторот беше монтиран од организаторите на ЕВРО 2008 за потребите на УЕФА која во него требаше да отвори информативен центар. Врвот на балонот едноставно потона кога попушти конструкцијата. Сепак, организаторите најавуваат дека ќе се обидат да ја постават грешката и да го повторно да го прилагодат шаторот за потребите на УЕФА.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:19 pm

Трамвај во знакот на ЕВРО

Локалната самоуправа на Берн се обидува на секој начин да го одбележи нивното домаќинство на Европското првенство. Навистина ќе биде премногу тешко да не се забележи трамвајот со број 739 кој целиот ќе биде обоен во црвено, а на него ќе бидат изналепени топки и слики од фудбалерите на швајцарската репрезентација. Овој трамвај ќе има исто така задача да ги разнесува посетителите на разгледување на градот Берн, а исто така во него ќе се делат информативни флаери на гостите
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:20 pm

Трофејот на турнеја низ 13 градови

Пехарот кој ќе биде доделен на Европскиот шампион на крајот од првенството, моментално се наоѓа на турнеја низ Австрија. Од 10 до 16 април љубителите на фудбалот во Салцбург ќе можат да се сликаат со пехарот, а претходно тројфејот Хенри Делунај беше во Клагенфурт каде околу 10.000 посетители имаа ретка можност да се сликаат со него. Во оваа тура која ја организира УЕФА ќе бидат посетени 13. градови во Австрија и Швајцарија.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:20 pm

Липи: Хрватска е навистина незгоден противник

Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи изјави дека Хрватска ќе им ги помати сметките на многу од фаворите за титулата на претстојното Европско првенство.

"Ако ме прашувате која репрезентација би била можела најмногу да изненади, можам со сигурност да ви кажа дека тоа е Хрватска. Тие навистина се одлична екипа која игра модерен фудбал, а во квалификациите успеаја заедно со Русија да не им дозволат на Англичаните да се пласираат на ЕП", изјави за медиумите Липи.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeВто Апр 15, 2008 4:21 pm

53 ДЕНА ДО ЕУРО 2008..........
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeПет Апр 18, 2008 1:29 pm

51 ДЕНА ДО ЕУРО 2008.....
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeПет Апр 18, 2008 1:29 pm

Бенхакер не смета на Дудек
Селекторот на полската репрезентација, Лео Бенхакер го објави поширокиот список од 31 репрезентативци од кои 23 ќе бидат избрани за Европското првенство во Австрија и Швајцарија ова лето. Најголемо изненадување е што на него го нема голманот на Реал Мадрид, Јержи Дудек кој во квалификациите настапи на само еден натпревар и тоа против Финска минатиот септември. Единствениот дебитант на овој список е фудбалерот на ЦСКА Москва, Давид Јанчик кој беше во комбинација за пријателските дуели против Саудиска Арабија и САД минатиот месец, но не доби шанса за настап. Пред почетокот на ЕП, Полска ќе одигра два пријателски натпревари и тоа против Македонија и Данска.
Во исто време, Фудбалската федерација на Полска објави дека репрезентативците ќе поделат три милиони евра во случај да ја освојат титулата на ЕП.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeПет Апр 18, 2008 1:30 pm

Недвед како замена за Росицки
Повредата на Томаш Росицки дополнително ги подгреа шпекулациите во Чешка дека на Европското првенство кам-бек во репрезентацијата ќе има фудбалерот на Јувентус, Павел Недвед. Росицки е во "аут" од 26 јануари кога се повреди на куп-дуелот против Њукасл, а неодамна се врати во својата земја на рехабилитација откако стана јасно дека нема да се врати до крајот на сезоната.
Недвед официјално се прости од репрезентацијата во август 2006 година со 91 натпревар во националниот дрес, но неколку пати досега истакна дека е подготвен да му помогне на Карел Брикнер доколку тој смета дека е потребен.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeПет Апр 18, 2008 1:30 pm

Липи: Италија е најсилна
Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи смета дека оваа репрезентација е најдобра во Европа и дека е најголем фаворит за титулата на претстојниот континентален шампионат.
"Мислам дека ќе имаме одлично првенство. Италија е најслина, не гледам дека некоја друга репрезентација може да не победи. Имаме и добар тренер и јас сум сигурен дека ќе завршат со титулата", изјави Липи.
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Administrator
Administrator
Admin


Број на мислења : 2333
Години : 32
Локација : Гевгелија
Земја : Македонија
Репутација : 0
Поени : 6110

XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Мај 15, 2008 12:36 am

24 ДЕНА ДО ЕУРО 2008.........
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





XX дена до Еуро 2008 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: XX дена до Еуро 2008   XX дена до Еуро 2008 - Page 3 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
XX дена до Еуро 2008
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ЕвропаФорум-
Отиди до: